Кинески ботови го преплавија Твитер со порнографија за да ги сокријат вестите за протестите
Анализата на податоците за оваа тема покажува дека има значително зголемување на спам твитовите, се вели во анализата, а податоците ги сподели директорот на Интернет опсерваторијата Стенфорд, Алекс Стамос
Кинеските ботови го преплавија Твитер со сексуално експлицитни објави, главно порнографија и реклами за придружба, за да го спречат ширењето на вестите за масовните протести против заклучувањето и против претседателот Кси Ѓинпинг.
Пребарувањето на големите кинески градови каде што избувнаа протести „најчесто ќе резултира со реклами за придружба/порно/коцкање, потиснувајќи ги легитимните резултати од пребарувањето“,
вели Air-Moving Device, кинеска страница за статистика, споделувајќи серија графикони.
Анализата на податоците за оваа тема покажува дека има значително зголемување на спам твитовите, се вели во анализата, а податоците ги сподели директорот на Интернет опсерваторијата Стенфорд, Алекс Стамос.
„Огромното мнозинство или повеќе од 95%, се чини дека се лажни профили кои твитуваат со висока, стабилна стапка во текот на денот, што укажува на автоматизација“, се вели во анализата.
Thread: Search for Beijing/Shanghai/other cities in Chinese on Twitter and you'll mostly see ads for escorts/porn/gambling, drowning out legitimate search results.
Data analysis in this thread suggests that there has been a *significant* uptick in these spam tweets. pic.twitter.com/Ao46g2ILzf— Air-Moving Device (@AirMovingDevice) November 28, 2022
\
Активирање на лажни профили
Менгју Донг од Универзитетот Стенфорд сподели слики од некои од сомнителните реклами за придружба, за кои таа тврди дека „им го отежнуваат на кинеските корисници пристапот до информации за масовни протести“.
„Некои од овие профили беа неактивни со години, за да станат активни откако избија протестите во Кина“,
напиша таа на Твитер.
Утврдено е дека една сметка, отворена пред седум години, направила повеќе од 2 000 објави во последните 15 часа. Друг профил има само четири објави „и одеднаш објави повеќе од 3 000 несоодветни твитови во еден ден“, напиша таа.
sadly if a Chinese person decides to come to Twitter to find out what happened in China last night, these nsfw posts shared by bots are likely the first to show up in their search results.
— Mengyu Dong (@dong_mengyu) November 27, 2022
Пензионираниот американски дипломат Дејвид Кавиг се запрашува дали тоа е доказ дека „кинеските цензори“ „објавуваат голем број сексуални фотографии за да го одвлечат вниманието на луѓето од протестите во Вухан“ или „само за да го нарушат каналот“.
„За жал, ако некој Кинез одлучи да дојде на Твитер за да дознае што се случило во Кина минатата ноќ, овие несоодветни објави споделени од ботови најверојатно ќе се појават први во нивните резултати од пребарувањето“,
додаде таа.
Протестите во Кина започнаа по смртта на 10 лица во станбена зграда во Урумчи, предизвикувајќи прашања за тоа дали инцидентот се случил поради политиката на нулта ковид и пандемиските ограничувања што ги држеа жителите затворени во своите домови четири месеци.