Почина поранешниот кинески лидер Џијан Цемин
Поранешниот кинески претседател, Џијан Цемин, кој ја водеше земјата низ трансформацискиот период од доцните 1980-ти и во новиот милениум, почина денеска на 96 години, соопштија кинеските медиуми.
Џианг почина од леукемија и откажување на повеќе органи во Шангај во 12:13 часот, соопшти официјалната новинска агенција Ксинхуа-
Цемин ја презеде власта по репресијата на плоштадот „Тјенанмен“ и ја поведе најнаселената нација во светот промовирајќи ја во моќен играч на светската сцена.