Вулин стана шеф на српската тајна полиција, Човек од доверба на Вучиќ
Оваа позиција остана испразнета кога на чело на Министерството за внатрешни работи беше избран Братислав Гашиќ. Вулин претходните две години ја извршуваше функцијата министер за внатрешни работи, а беше и министер за одбрана, за труд и социјална политика, директор на Канцеларијата за Косово и Метохија и пратеник во Собранието. Кон крајот на деведесеттите години на минатиот век бил функционер на југословенската левица (ЈУЛ) на Мира Милошевиќ, сопруга на Слободан Милошевиќ.
Во неговата биографија пишува дека тој прв јавно го употребил терминот „српски свет”, поради што се смета за негов творец. Во јавноста е познат по изјавата дека од тетка му од Канада добил пари за да купи стан во Белград. Истот ака предизвика внимание информацијата дека не служел воен рок, која се објави во период додека беше министер за одбрана.
Претседателот на СНС Александар Вучиќ не го прочита името на Вулин кога ги објави имињата на новите министри и не му се заблагодари за „досегашната соработка”, што ги подгреа шпекулации дека тој е планиран за функцијата директор на БИА.