Германец добил сметка за парно од 1,6 милиони евра

Поради енергетската криза голем дел од потрошувачите очекуваат дека зимава ќе мора длабоко да си копаат во џебот доколку сакаат да ја платат сметката за парно.Со сметка од 1,6 милиони евра на мнозинството сепак би им се „скршило срцето“.

Токму тоа му се случи на еден човек од Нордерштет во Шлезвиг-Холштајн, кој својот гнев поради сметката го покажа во видео објавено на YouTube.Според „информативното писмо за можните потенцијали за заштеди“ што го добил од градската компанија „Stadtwerke Norderstedt“, човекот треба да плати 1.647.620,33 евра за парно греење за проценета годишна потрошувачка од 9.840.000 киловат часови, пишува Fenix ​​Magazin.

„Со само „мала загуба на топлинска удобност“ можел да заштеди околу 590.400 киловат часови енергија или 98.000 евра.

Нему му е јасно дека може да биде само грешка: пожарникарот веќе два месеци има куќа со седум соби и 150 квадратни метри во Нордерштет кај Хамбург.

„Не сакам да го загревам целото маало овде“, вели тој.

Но, тој се прашува зошто воопшто се испраќаат вакви писма.

Back to top button
Close