Еруптира највисокиот вулкан во Индонезија, Семеру


Највисокиот вулкан во Индонезија, Семеру денеска еруптираше и исфрли пепел, чад и лава.

– Монсунските дождови ја еродираа и ја урнаа куполата на вулканот на врвот на планината Семеру, висок 3.676 метри, предизвикувајќи ја ерупцијата, соопшти индонезиската Националната агенција за управување со катастрофи.

Нема информации за евентуални жртви. Но, властите ги предупредија жителите да се оддалечат од кратерот.

Вулканот исфрли пепел во висина од околу 1,5 километар, додека запален гас и лава течеа по падините на Семеру кон блиската река.

Последната голема ерупција на Семеру се случи во декември минатата година, кога при ерупцијата загинаа 51 жител на селото, што беше затрупано со кал. Неколку стотици луѓе се здобија со сериозни изгореници, а поради ерупцијата повеќе од 10.000 луѓе беа евакуирани. Околу 2.970 куќи беа дислоцирани од опасната зона

Back to top button
Close