Напад со дрон на аеродромот во Курск, се запали резервоар со нафта

Аеродромот во Курск беше нападнат од дрон, по што се запали резервоар со нафта, соопшти утрово гувернерот на Курската област во Русија Роман Старовојт.

Тој на Телеграм напиша дека нема жртви и дека локализирањето на пожарот е во тек.

Сите специјални служби се на местото на инцидентот, напиша Старовојт.

Руското Министерство за одбрана вчера објави дека Украина се обидела да изврши напад врз воените аеродроми во регионите Саратов и Рјазан во Русија, со помош на дронови од советско производство.

Како што се наведува, руската авијација со помош на противвоздушна одбрана соборила украински беспилотни летала кои летале на мала височина.

Во нападот загинаа тројца членови на воено-техничкиот персонал, а четворица се повредени.

После тоа, Русија изврши масовен напад врз воениот команден систем на Украина и објави дека е спречен трансферот на украински војници и оружје во борбената зона

Back to top button
Close