Изборот на директор на Академијата за судии и јавни обвинители одложен, пристигнала уште една пријава

Изборот на директор, како што информираат, ќе биде дополнително закажан. Пристигнатата пријава по пошта е од судијата Ангел Димовски.
Со тоа во трка за директор на Академијата се четворица кандидати. Покрај Ангелов и доскорешниот директор Наташа Габер-Демјановска, пријави поднеле и судиите Емилија Шопар-Јованова и Ненад Савески.