Атина: Крвав коверт испратен до амбасадата на Украина

Амбасадата на Украина во Атина, рано утрово примила крвав коверт, а според портпаролот на укранското МНР Олег Николенко, адресата на испраќачот е идентична со онаа на ковертите испратени до останатите амбасади и конзулати низ светот, јави дописничката на МИА од Атина.whatsapp sharing button

twitter sharing button

Николенко на Фејсбук објави дека досега се регистрирани 33 случаи на закани во 17 земји, од кои 28 се со крвави пакети, а испраќачот во сите земји е ист: автосалонот на Тесла во германскиот град Синделфинген.

Додаде дека грчката полиција започна истрага, но и дека очекуваат забрзување на истрагата од германските власти.

– Како што рече Дмитро Кулеба, колку и да се обидуваат непријателите да ја заплашат украинската дипломатија, нема да успеат.  Работиме за победа, напиша порпаролот на украинското МНР.

 

Back to top button
Close