Видео: Путин го посети заедничкиот штаб на сите родови на руската армија вклучени во војната во Украина
Рускиот претседател Владимир Путин го посети „заедничкиот штаб на сите родови на војската вклучени во руската специјална воена операција во Украина”, соопшти Кремљ, пренесе денеска агенцијата ТАСС.
– Шефот на државата се распрашуваше за работата на штабот, се запозна со напредокот на специјалната воена операција, одржа состаноци со командантите, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
Путин вчера го посетич заедничкиот штаб на руската армија, јави ТАСС.