Изминатото деноноќие произведени 18.495 мегават часови електрична енергија


АД ЕСМ вчера произведе 18.495 мегават часови електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, информираат од Владата.

При тоа, посочуваат, во термоелектраните се произведени 12.584, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци 5.911 мегават часови електрична енергија.

-Во изминатото деноноќие АД ЕСМ не набави електрична енергија од странство, потенцираат од Владата.вј

Back to top button
Close