Неготинец и четворица кавадарчани приведени поради трговија со дете!
На 14.01.2023 година, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, под раководство на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција реализираше случај за сторено кривично дело „трговија со дете“, извршено од страна на пет лица, информираат од МВР.
Имено, В.Д.(39), К.Р.(24), В.Б.(26) и А.Д.(23) од Кавадарци и Н.И (21) од Неготино, во временскиот период од август до 19 септември 2022 година го сториле кривичното дело така што користеле сексуални услуги од малолетничка на различни локации, за паричен надоместок од 1000 до 2000 денари. М.К.(20) со употреба на физичка сила и закани, како и психолошко насилство, ја принудувало малолетничката на вршење полови дејствија и давање сексуални услуги на петте пријавени лица.