За градоначалникот на Благоевград политичарите во Скопје со антибугарската политика се виновни за каменување на клубот „Никола Вапцаров

Градоначалникот на Благоевград, Илко Стојанов, во изјава за Бугарската национална телевизија вели дека станува збор за провокација за која, сепак, ги обвинува политичарите во С Македонија по случувањата во саботата, кои ги оценува како намерна антибугарска политика.

Бугарските власти сè уште трагаат по сторителите што го каменуваа македонскиот културен клуб „Никола Јонков Впацаров“ во Благоевград и ги искршија прозорците на објектот каде што е сместен клубот, јавува Бугарската национална телевизија БНТ.

 

Вандалскиот чин, како што наведува БНТ, се случи завчера вечерта откако македонските гранични служби не им дозволија влез во земјава на десетици бугарски државјани за чествувањето на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.

 

Градоначалникот на Благоевград, Илко Стојанов, во изјава за Бугарската национална телевизија вели дека станува збор за провокација за која, сепак, ги обвинува политичарите во С Македонија по случувањата во саботата, кои ги оценува како намерна антибугарска политика.

 

 

Градоначалникот на Благоевград, Илко Стојанов/Фото: Принтскрин

„Како што гледате, се случува со цел провокација особено по случувањата во саботата – денот на раѓањето на Гоце Делчев и најмногу она што го направија политичарите во Северна Македонија затоа што тоа беше намерна антибугарска политика. Ги постигнаа на некој начин своите цели да има провокација и луѓето да реагираат. Така во Европа не се влегува и тоа не ја претставува Европа“,вели Стојанов.

Во врска со културниот клуб, тој вели дека не станува збор за клуб, туку е соба која, како што вели, според неговите сознанија, во општинскиот катастар е заведена како продавница.

„Ова е соба, дури не е ниту во смисла на клуб. Беше направен со цел провокација. Да се потсетиме кога се отвораше беше со цел да има прва провокација и сега кога се случи агресија иако, би рекол, на нежив објект. Тоа мислам дека е продавница, според податоците од катастарот“вели градоначалникот на Благоевград, Илко Стојанов.

Според него, камерите во околината не се под надлежност на општинските власти и додава дека најверојатно надлежните органи ги прегледуваат снимките од приватни камери со цел пронаоѓање на сторителите.

Стојанов наведува дека непријатното во моментов е што политичарите се обидуваат да создадат тензии меѓу луѓето, но, како што вели, обичните луѓе тоа не го сакаат.

Претседателот на општинскиот совет на Благоевград во истото вклучување во живо од Благоевград во утринската програма на БНТ вели дека кај општинските советници, исто така, нема поделеност во ставот дека целта поради која е отворен клубот е провокација, но, според нив, не треба да се преземаат рестриктивни мерки за ограничување на неговите активности.

Прозорските стакла од македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград беа искршени во саботата доцна вечерта. Вандалскиот чин бил пријавен во локалната полиција во 21:40 часот, а пред објектот на улицата „Димитар Влахов“ беа пронајдени четири камења покрај искршените прозорци.

Back to top button
Close