Спасено хаски кое било 25 дена под урнатините во Турција
25 дена по разорниот земјотрес во Турција, кој се случи на 6 февруари, од уранатините во турскиот град Хатај беше спасено куче
Екипи на АФАД и други служби работеле на отстранување на урнатините во Антакија, Хатај, кога слушнале глас од под една од урнатините, по што следела потрага.
По успешната операција од под урнатините е извлечено хаскито Алекс.
Утврдено е дека кучето успеало да најде храна под урнатините, каде било затворено и така преживеало. По извлекувањето од под урнатините, кучето е пренесено во ветеринарна амбуланта.
Полат Саид, кој лично го извлекол кучето од урнатините, вели дека хаската ослабела, но о генерално во „добро здравје“. Сопственикот на кучето се јавил во Хајтап откако наводно слушнал лаење на кучето од остатоците од урнатата двокатна зграда во турската провинција Хатај.
Во Турција и Сирија во земјотресите загинаа повеќе од 50.000 луѓе, според податоците објавени од агенцијата Франс прес