МВР потврди: Две лица загинале на лице место, третото префрлено во болница
МВР го потврди настанот дека во 20.11 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект во Скопје неколку лица пукале кон Ј. К. и Е. И., кои починале на лице место, и кон А.Т., кој е пренесен во болница за укажување лекарска помош.

Местото во околина на Калето го обезбедуваат бројни полициски екипи и пристапот е ограничен.






