Во Албанија и Косово на меѓународниот ден на жената се протестира и прославува; инсталација „Црвени чевли“ во Тирана; имотното наследство предизвик за косовските жени
Во Албанија и во Косово се прославува и се протестира по повод Меѓународниот ден на жената, 8 март. Во Тирана е поставена инсталација „Црвени чевли“, според идејата на мексиканската уметница Елина Шове “„Los Zapatos Rojos“. Во извештај од Еурофонд се вели дека Работниците Албанци, и машки и женски, имаат најдолго работно време во Европа, достигнувајќи и до 50 часа неделно.
ТВКлан: 8 Март, прослава и протест! Инсталација „Црвени чевли“ во Тирана
„На плоштадот „Мајка Тереза“ во Тирана денеска е поставена инсталација „Црвени чевли“, по повод Меѓународниот ден на жената, 8 Март.
Идејата за црвени чевли датира од пред години, кога мексиканската уметница Елина Шове ја започна инсталацијата „Los Zapatos Rojos“ во чест на нејзината сестра, која го загуби животот како последица на семејно насилство. Од 2009 година црвените чевли се меѓународен симбол.“, пренесе албанскиот медиум КланТв.
Панорама: Мажите во Албанија ја имаат „моќта“ над парите и бизнисот, жените ја зголемуваат својата тежина во политиката
„Работниците Албанци, и машки и женски, имаат најдолго работно време во Европа, достигнувајќи и до 50 часа неделно, се вели во извештајот на Еурофонд за работните услови и идните импликации, кој ги вклучува и земјите-членки на ЕУ.-, Обединетото Кралство, Норвешка, Швајцарија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија.
Мажите Албанци работат околу 50 часа неделно, додека жените околу 45 часа неделно. По Албанците се рангирани Грците, Србите, Црногорците, Романците и граѓаните на Косово.“, пишува меѓу другото во статијата на албанскиот дневник Панорама.
Коха: 8 март – Меѓународниот ден на жената, во Косово се протестира и прославува
„По повод 8 март, колективот „Маршираме, не славиме“ ќе организира протест. Маршот започнува од Палатата на правдата и по собирањето на плоштадот „Захир Пајазити“ продолжува до Владата на Косово. Универзитетот во Приштина ја организира конференцијата „Жени – мир – безбедност“, а конференција ќе одржат и членовите на Одборот на жени пратеници на Собранието на Косово.
Дискусија по повод 8 март ќе организира Агенцијата за родова рамноправност на која ќе учествува и премиерот Албин Курти“, пренесе косовскиот дневник Коха.
Економиа Онлајн: Насилството и имотното наследство, еден од предизвиците со кои се соочуваат жените во Косово
Насилството врз жените и имотното наследство се дел од проблемите кои мора да се решат според Илира Зајми. Таа рече дека недоволно се бори против насилството врз жените како феномен, за што виновни биле институциите, пренесува Економиа онлајн.
извор: Цивил







