ЌЕ СЕ РЕГРУТИРА ВО 42 РУСКИ ГРАДА „Вагнер“ отвори центри за паравојската

Шефот на руската паравоена група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, денеска соопшти дека групата отворила 58 центри за регрутирање во 42 руски града, бидејќи неговите луѓе се на првата линија на битката за Бахмут во Украина.
– Во 42 града на Руската Федерација се отворени центри за регрутирање за „Вагнер“. Таму пристигнуваат нови борци, тие ќе ни се придружат за да ја бранат својата земја и нивните семејства – изјави Пригожин, пренесен од неговата прес-служба на каналот Телеграм.






