За 5 месеци во Албанија на црно пристигнала нафта од руско потекло во висина од 55 милиони евра

Последните месеци преку пристаниште во Драч во Албанија , има наглесена динамика на пристигнување на нафта од руско потекло , поради што денеска нафтената индустрија во оваа земја побара владата да превземе ригорозни мерки за стопирање на оваа појава . Претсставници на оваа индустрија соопштија дека само во последните 5 месеци во драчкото пристаниште е пристигната нафта од руско потекло во висина од 55 милиони евра . Истите извори во Тирана наведуваат дека , оваа преставува директно кршење на ембаргото на ЕУ кон Русија , но и нанесува големи штети на домашното производство на нафта .
Албанските медиуми нагласуваат дека во Драч, прикриената флота од стотици танкери што руските нафтени компании макотрпно ја составуваа за да носи барели за да ги заобиколи западните рестрикции го привлече радарот на европските власти. Албанската полиција приведе танкер под либериско знаме, осомничен дека превезувал одобрена нафта од руско потекло, а има случаи кога нафтата пристигнува и со танките на други држави и тоа најчесто од Азербеџан. Нарачките на оваа нафта која влегува на диво во Албанија е од страна на неколку албански компании . Деновиве албанскиѕе власти започнаа со блокирање на количините на нафтата , блокирање на танкерите како и притварање на членовите на екипаќите за што веке е отворена и истрага од јавното обвинителство .
К.М






