Oперација со најнова роботска опремa во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид 

Во Специјалната болница за ортопедија и травматологија „Свети Еразмо“ во Охрид е извршена првата операција на рбет, со употреба на најновата генерација роботски микроскоп.

Како што објави на својот Фејсбук профил неврохирургот д-р Митре Милошевски, со извршениот зафат установата држи чекор со најголемите вертебролошки центри.

– Со над 120 вертебролошки и операции на нерви и на отворен мозок „Св. Еразмо“ е рамо до рамо со клинички центар и заслужува да има ваква најсовремена апаратура која дава огромна сигурност на операциите и значајно го скратува нивното времетраење. Пациентите, медицинскиот тим и хирурзите го заслужуваат тоа, напиша Милошевски на својот Фејсбук профил.

Тој истовремено изразува надеж дека после оваа операција и соодветен тренинг болницата ќе биде опремена со таква одерна апаратура со што ќе се сврсти во редот на најсовремените центри за вертебрологија во Европа. 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close