(ВИДЕО) Илјадници Израелци излегоа на улица откако беше разрешен министер кој се спротивстави на Нетанјаху
Министерот кој беше разрешен, се спротивстави на најавената реформа на правосудството оценувајќи дека е опасност за земјата, а премиерот, пак, смета дека планот за промени во овој сектор ќе ја унапреди демократијата
JUST IN – Massive protest in Israel after PM Netanyahu fired defense minister who opposed judicial overhaul pic.twitter.com/q0Vdcm4U0m
— Insider Paper (@TheInsiderPaper) March 26, 2023
Илјадници Израелци вчера излегоа на улиците во знак на протест против тоа што премиерот Бенјамин Нетанјаху го смени министерот за одбрана Јоав Галант кој ја повика Владата да го запре носење на спорниот план за реформа во правосудството.
На видеата кои се појавија од протестот може да се види како илјадници граѓани го блокираат главниот автопат во Тел Авив, како оти на средина на автопатот бил запален оган.
Разрешувањето н Галант, кое ги поттикна протестите, беше бидејќи тој во саботата ја повика Владата да го спречи законот за реформи во правосудството од причина што оцени дека тие ќе претставуваат опасност за земјата.
Реформата ја предложи министерот за правда, Јарив Левин, и доколку се донесе ќе претставува најрадикалната промена во правосудниот систем во Израел бидејќи ќе ги ограничи овластувањата на Врховниот суд, ќе ѝ овозможи на Владата да избира судии и ќе го укине именувањето правни советници во министерствата од страна на државниот обвинител.
Нетанјаху, кому му се суди за корупција, е убеден дека неговиот план за реформи на правосудството ќе ја унапреди демократијата.
Синоќешните протести поради разрешувањето на Галант беа само продолжение на демонстрациите од изминатите месеци против најавените реформи.






