Јордан Божилов: За заканите со бомби во Бугарија приведени ќе бидат и неколку македонци поврзани со една политичка партија 

„Во РСМ уште во октомври минатата година почнаа да се испраќаат масовни мејлови за закани со бомби до училиштата, до Централната банка и до градинките. Во февруари годинава имало 560 закани. Заканите со бомби за март се намалени речиси до нула имаше само 9. Сите се од ист тип и слични, како што се случува кај нас“, вели за бугараки 24часа Јордан Божилов, директор на Софискиот безбедносен форум во програмата „Денот започнува“ на БНТ.

„Не сите закани ги затвораат училиштата. Работиме на различни верзии, од кои едната е хибридни закани поврзани со Русија, но ќе бидат обвинети и неколку Македонци кои се поврзани со една од политичките партии во РСМ“, додаде Јордан.Божилов.

Според него, важно е да се менуваат не само протоколите, треба да има добра физичка безбедност, контрола на пристап и сл.

„Многу е тешко да се докаже кои се сторителите. Во Северна Македонија е утврдено дека серверите од кои се испраќаат електронските пораки се наоѓаат во Русија и Иран“, рече Јордан Божилов.

Back to top button
Close