Поради долгови хрватските веледрогерии најавија дека ќе ја стопираат испораката на лекови и потрошен материјал во болниците

– Хрватските веледрогерии најавија дека од понеделник ќе ја стопираат испораката на лекови и потрошен материјал во болниците поради долгови, кој во моментов изнесуваат 4,2 милијарди куни.

„Акумулираните долгови на здравството претставуваат најголема закана за стабилноста на трговците на големо. Најновите податоци на хрватската Стопанска комора покажуваат дека вкупните долгови на болниците кон 40 веледрогерии, членови на Здружението во Хрватската стопанска комора, изнесуваат 4,1 милијарди куни.Во однос на минатиот месец, долгот е зголемен за повеќе од 200 милиони куни, соопшти Хрватската стопанска комора (ХГК).

Наведено е дека поради акумулираните долгови веледрогериите тешко да ги намируваат своите обврски кон добавувачите, а наскоро може да се очекуваат проблеми и прекини во снабдувањето со лекови и медицински производи.

Според нив, можно е да се очекува некои наскоро да ја ограничат испораката на лекови и медицински производи.

Претседателот на Здружението на трговци големо со фармацевтски производи и ортопедски помагала на Стопанската комора на Хрватска, Томислав Кулиќ, за „Јутарњи лист“ изјави дека треба да се плати дел од долгот во износ од најмалку една милијарда куни за да се избегне недостиг од лекови.

Back to top button
Close