Идеја на Спасеновски – со промена на државниот грб да се придобие ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени

За да се дојде до потребното двотретинско мнозинство за уставни измени, според универзитетскиот професор по политички систем и поранешен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Спасеновски, политичарите треба да се осврнат на креативни решенија.

Станува збор за решенија со кои, според него, би се антиципирале стравовите на оние што се противат на уставните измени и со кои ќе се овозможи нивна поголема идентификација со уставно-правниот политички систем во државата. Еден таков пример, кој Спасеновски го споменува, е враќање на дебатата за промена на државниот грб според предлогот од 2014 година.

Тоа, според него, би било и во светло на декларираната заложба на Владата за унапредување на единството.

„Можеби треба да се антиципираат овие стравови на поголемиот дел на граѓаните кои опонираат на уставните измени и да се размислува креативно во оваа насока. Да се најдат решенија кои ќе овозможат поголема нивна идентификација во рамки на Уставот или во рамките на уставно-правниот, на политичкиот систем на Република Македонија. Во минатото имаше такви заложби на дел од опозициските партии. Можеби враќањето на старата дебата некаде од 2014-2015 година за менување на актуелниот државен грб на државата, нешто што како проект беше започнато од минатата влада, беше обезбедена согласност од ДУИ, е еден од начините како да се овозможи земање предвид на итнересите, на заложбите, на најголемиот дел од конзервативниот дел од државата, но истовремено да се најде начин како резултат на таквата отстапка/решение да се дискутира со опозицијата и да се обезбеди нејзина согласност околу текстот на уставните измени“,

Тој вели дека според моменталното расположение за уставните измени, веројатно поблиску сме до избори, но сепак смета дека има време за да се најде креативно решение.

целиот текст на 360.мк

 

Back to top button
Close