Во Велес до 15 часот одѕив од 35,86 отсто во Градско и во Чашка 37,56 отсто

Од вкупно 45 989 гласачи регистрирани на Единствениот избирачки список до 15 часот гласале  35,86 проценти или 16 492 гласачи  на 84 избирачки места во Општина Велес.

Лили Велковска претседател на ОИК Велес за МИА изјави дека на сите 84 гласачки места гласањето се одвива во мирна и демократска атмосфера и без инциденти.

Во Општина Градско од вкупно 3 136 гласачи на 11 избирачки места до 15 часот на гласање излегле 1 178 или 37,56 проценти од гласачите.

Како што информира за МИА, Мери Седмакова, претседател на ОИК Градско, на сите избирачки места гласањето се одвива во фер и демократска атмосфера и без инциденти.

Во Општина Чашка од вкупно 6 101 гласач на 30 избирачки места до 15 часот гласале 37,50 провенти од гласачите информира Марјан Јовановски претседател на ОИК Чашка.

Тој додава дека апликацијата воведена од ДИК со која избирачките одбори  имаат обврска да внесуваат податоци за излезеноста, почетокот и крајот на гласањето на теритријата на Општина Чашка не е во целост во функција затоа што одредено подрачје каде има избирачки места не е покриено со интернет мрежата.

-Инаку во сите изборачки места во Општина Чашка, изборите се одвиваат во фер и демократска атмосфера и без инциденти,информира Јовановски.

Back to top button
Close