Масакрот го планирал еден месец, имал список кого ќе убие, другарите го малтретирале го викале бубалица

Според последните официјални информации на српското МВР загинале девет деца и чуварот. Шест деца и еден наставник од тоа училиште се ранети и моментално се згрижени во Ургентниот центар и Тиршова. Малолетниот К.К.(14) кој го сторил ова кривично дело е ученик на ова училиште и бил пронајден и приведен во училишниот двор.

Претхосно во текот на еден месец направил листа на лица кои сакал да ги убие, а по масакрот се пријавил сам и рекол дека ги убил соучениците и дека убиството го планирал еден месец, откри Веселин Милиќ, началник на полициската управа за град Белград.

Тој го идентификуваше напаѓачот како Коста Кечмановиќ и додаде дека злосторството го планирал еден месец. Министерството за образование на Србија прогласи тродневна жалост од 5 до 7 мај а денеска наставата во сите учичишта во Белград е прекината.

На прес конференција министерот за внатрешни работи соопшти дека е уапсен и таткото на детето убиец,познат радилог во Белград,кој кажал дека двата пиштола и муницијата ги чувал во сеф но рекол дека очигледно дека синот ја знаел шифрата на сефот. Тој го носел неговиот син на стрелиштето да тренира. Министерот за образование оценува дека системот не потфрлил околу информациите дека ученикот убиец бил изложен на насилство од негови соученици туку дека тоа бил еден инцидент во приватно училиште за глука каде што во инцидент бил удрен и му била расечена устата. Проценето е дека тј инцидент не бил причина за преземање мерки.

 

Back to top button
Close