Видео-Две девојчиња од струмичко се изгубиле во Скопје, последно се видени пред ТЦ Веро Џамбо

Две малолетни девојчиња од струмичко кои денеска биле дојдени на училишна екскурзија во Скопје, пријавени се од нивната професорка како изгубени

Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот за МИА, а според пријавата на нивната професорка Е.А., тие последен пат се видени пред ТЦ Веро Џамбо

 

Вечерва на социјални мрежи се споделува снимка од надзорна камера на која, како што се наведува, се гледаат девојчињата А. Ј. (12) и Р. И. (14) од струмичкото село Петралинци, со информација дека во 15.50 часот последен пат се видени во „Веро Џамбо“ и дека најверојатно се упатиле кон центарот на Скопје.

Според информации на социјалните мрежи, девојчињата со своите врсници биле на еднодневна екскурзија и го посетиле Саемот на книга во Скопје.

МВР презема мерки за пронаоѓање на малолетните девојчиња.

 

Back to top button
Close