Нова интервенција на австралиската Влада против невработеноста
– Владата на Австралија одлучи да издвои дополнителни 1,1 милијарди долари за помош на граѓаните кои останаа без работа поради пандемијата со Ковид-19.
Австралиската економија покажа дека има одговор на кризата и ние обезбедивме дополнителни средства за невработените лица, изјави премиерот Скот Морисон.
Речиси сите новозаболени лица се во австралиската сојузна држава Викторија, а најмалку пет милиони жители на Мелбурн се во карантин поради повторното ширење на новиот коронавирус.
Во Австралија досега речиси 11.000 лица се инфицирале со Ковид-19.