Се запали автобус на патот Охрид – Кичево, повредени нема
Вечерва од 21 часот на патот Охрид – Кичево, кај селото Извор, сообраќајот е во прекин во двата правци. Како што соопшти АМСМ, на терен интервенира противпожарна единица при гасење на опожарен автобус.
Автобусот на Галеб се запалил на превојот Пресека, а во него немало патници, освен возачот. Наводно возилото било упатено на сервисирање. Во пожарот нема повредени, а причинета е материјална штета чија висина допрва ќе се утврдува.
Како што информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски за Канал 5 возачот на автобусот на „Галеб“ од Охрид навреме забележал дека автобусот почнува да гори и се спасил. Автобусот бил без патници.
Возилото е целосно изгорено , а на лице место излегле противпожарни и екипи на МВР . Во меѓувреме патот Охрид- Кичево кај селото Извор е пуштен за редовен сообраќај.
Видео што го снимил очевидец на настанот објави порталот Порта.






