Вучиќ бесен: Ќе распишам избори, подготвен сум да умрам ама не им ја оставам Србија на ѓубриња

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска одржа состанок на најтесното раководство на Српската напредна странка и на неговите колеги им порачал: „Подготвен сум да умрам, подобро отколку да ја оставам Србија на ѓубрињата! – пренесува “Политика“.
„Ќе ги распишам сите избори, доста ми е од сите фалсификати, готов сум да умрам, воопшто не се плашам! Еве, ги чекам тие кукавици да дојдат и да ме убијат, но никогаш нема да им ја предадам власта без избори!“, рекол Вучиќ






