Директорите Бесими и Етеми осудени условно , докторот Вучевски ослободен за трагедијата со тетовскта модуларна болница

Поранешниот директор Флорин Бесими и организацискиот директор Артан Етеми, судот ги прогласи за виновни и ги осуди условно на година и шест месеци затворска казна во рок од 3 години да не го повторат тоа дело. Тие се обвинети за тешки дела против општата сигурност.

Правното лице ЈЗУ Клиничка болница Тетово е прогласено за виновно за истото дело и казнето со парична казна од милион денари.

Додека д-р Бобан Вучевски е ослободен за делото за кое е обвинет, а тоа е непостапување по здравствени прописи.

Судијата Јордан Велков на брифингот со новинарите истакна дека обвинителство не успеа да обезбеди докази за обвинетиот д-р Бобан Вучевски дека е виновен за делото за кое се товари, додека двајцата поранешни директори и правното лице судот ги прогласи за виновни, како што потенцираше судијата, затоа што не обезбедиле, односно не поставиле противпожарни апарати во самата модуларна болница.

Како што потенцира судијата тие се виновни за непоставување на противпожарна заштита, а не за предизвикување на пожарот.

Во пожарот во модуларната болница што се случи на 8 септември 2021 година животите ги загубија 14 луѓе

Судот ги упати оштетените да бараат отштета за покојните роднини во граѓански спорови.

Експерти од Германија утврдија дека причина за пожарот во модуларната ковид болница бил краток спој на продолжен кабел.

Back to top button
Close