Мецити- Инспекцијата потврди злоупотреби на кардиохирургија. Затоа го разрешив професор др. Јовев

Јас наајавив бескомпромисна битка за средување на лошите состојби на клиниките. Инспекцијата утврди неправилности и злоупотреби на клиниката за кардиохирургија и затоа потпишав решение за разрешување на почитуваниот професор др. Јовев. Јас него како професионалец исклучително го почитувам и да не ја мешаме профеионалноста како лекар и како директор. Повелете во мојот кабинет утре и ќе в го дадам иизвештајот на државниот инспекторат од ревизијата на кардиохирургија. Сакам да отфрлам било каква инсуинација дека разрешувањето има политичка позадина. Јас за лоши резултати и злоупотреби го разрешив и директорот на болницата Бардовци кој е од Алијанса партијата од која сум и јас,рече министерот за здравство Меџити вечерва на интервју на тв 24. Меџити одби да открива детали од извештајот велејќи дека не сака никого да оцрнува но повтори дека ветил ии ќе биде бескомпромисен во ставање ред на клиникте. Разрешениот професор Јовев денеска коментирапе дека е разрешен од каприц и најави негова прес конференција за утре.
Разрешувањето на професор Јовев од директорската функција дигна голема прашина во јавноста а некој медиуми објавија дека вработените на клиниката се изреволтирани,му напишале на министерот дека ќе штрајкуваат ако не го врати Јовев повторно да биде прв човек на клиниката.






