Радевска-Стефкова и Герасимовски поднесоа оставки од Судскиот совет

Членовите на Судскиот совет Мирјана Радевска-Стефкова и Зоран Герасимовски поднесоа оставки од функциите, потврдија за МИА од Судскиот совет.

Апелациониот судија Зоран Герасимовски и врховната судијка Мирјана Радевска-Стефкова беа избрани за членови на Советот на непосредни избори, од редот на судиите.

Оставките се депонирани денеска во архивата на Судскиот совет, а причините засега се непознати

Изборот на Герасимовски во Судски совет беше критикуван бидејќи е избран со осум гласа, од кои, осмиот глас си го дал самиот.

Овие оставки доаѓаат во момент кога невладините организации побараа Судскиот совет да се самораспушти бидејќи „ја урнисува довербата во правосудството преку секојдневните препукувања и начинот на кој ги носат одлуките“.

Судскиот совет беше критикуван и од страна на меѓународната заедница, па холандскиот амбасадор во земјава, Јан Коп го нарече советот нелегитимен.

Back to top button
Close