Османи- ДУИ прифаќа да не биде во влада што ќе се формира по усвојување на уставните измени
Демократската унија за интеграции (ДУИ) се согласува да не биде во владата која ќе се формира откако претходно ќе се изгласаат и ќе стапат на сила уставните измени.„ДУИ е подготвена да поддржи Влада без ДУИ до избори доколку опозицијата ги поддржи уставните измени и истите стапат на сила пред формирањето на таа влада. Европската иднина на граѓаните е пред сè“, објави портпаорлот на партијата Бујар Османи на Фејсбук.
Ваквиот став Османи го изнесе откако претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по денешната средба со премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски, изрази подготвеност неговата партија да влезе во влада, но во неа да не биде ДУИ.
Ова Мицкоски го понудил како одговор на понудата на Ковачевски да почне процесот на уставните измени, а СДСМ да отстапи пет од своите десет министерски места на ВМРО-ДПМНЕ.






