Загина вработен во производствениот погон на „Макстил“ во Скопје

Во производствениот погон на „Макстил“ утринава се случила несреќа во која животот го загубил вработен во компанијата, информираат од компанијата.

„Би сакале да ја информираме јавноста дека денеска во утринските часови се случи несреќа во производствениот погон на Макстил каде животот го загуби наш вработен.

Веднаш беа алармирани сите надлежни служби кои направија записник од настанот и е започната истрага за причините за несреќата.

Макстил ги отстапува сите свои човечки и материјални ресурси, за помош во истрагата за откривање на причините за оваа несреќа.

Нашите мисли и целосна поддршка се со семејството на нашиот колега“, соопштија оттаму.

Back to top button
Close