Бислимоски: Цената на струјата не треба да се зголеми
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски вечерва соопшти дека е против сега да има зголемување на цената на електричната енергија.
Во гостување на „Топ тема“, Бислимоски рече дека не би можел да каже колку ќе биде цената на струјата во евра зашто тоа, напомена, е одлука на менаџментот на ЕСМ и на Владата.
Според него, ЕСМ треба да ја откупува произведената електрична енергија од новите фотоволтаици. Клучно е да се испрати сигнал дека купувањето електрична енергија по екстремно ниски цени и тоа како ќе биде добредојдено за да се релаксира ситуацијата во електроенергетскиот систем. Во овој контекст, Бислимоски укажа дека ЕСМ треба да го подобри производството од своите електрани, како лани, а следниот чекор што мора да го направи е да биде многу поактивна на пазарот на мало.
-Јас сум противник сега да има зголемување на цената на електричната енергија зашто се изградија многу фотоволтаици во државата. Од 1 јануари минатата година до сега има нови 256 мегавати обновливи изори приклучени на мрежа од кои 205 – 206 се фотоволтаици кои треба да ги искористиме. Во ред е да заработуваат, но ЕСМ треба да се вклучи активно и да ја откупува нивната произведена електрична енергија за да заштеди вода и јаглен и тоа да го искористиме во периодите кога ќе биде извесно дека цените на електрична енергија и природен гас ќе растат. Да си ги заштитиме домашните ресурси, хидрологијата е поволна. Да ги чуваме водата и јагленот за кога најмногу ќе ни треба.
шест месеци цената за загубите во преносната мрежа беше 220 евра за мегават час, сега таа, имајќи во предвид дека се паднати и цените на берзите, дека ќе далеку пониска за последните шест месеци од годината, рече Бислимоски