ДКСК отфрли пријава за постапување за дициплинска во општина

 ДКСК на денешната седница отфрли пријава добиена преку електронски портал на 5. мај 2020 година во која било наведено дека по распишување на предвремените парламентарни избори на 16. февруари секретар на општина отпочнал постапка за дициплинска против вработена во општината што резултирала со мерка 20 отсто од нејзината месечна плата во траење од три месеци.

Од ДКСК нагласуваат дека согласно Изборниот законик членот 8 а став 9 алинеја три и Законот за спречување корупција и судир на интереси во кои стои дека за време на изборниот период до негово завршување не смее да се започне постапка за вработување лице и за престанок на работен однос, а започнатите да се стават во мирување.

Од ДКСК ги повикаа вработените во јавниот сектор и администрацијата, но и раководните лица да не ги користат дисциплинските постапки на начин што може да се протолкува заканувачки и секој да си ја врши работата во рамки на своите надлежности и постоечките закони и да не се злоупотребува воопшто членот 8 а затоа што може да биде злоупотребено, како што рекоа, и од страна на вработените и од страна на раководителите.

Во друг предмет ДКСК ја запре постапката по пријава од кандидат на пратеничка листа вработен во МО, на кој согласно Изборниот законик треба да му се стави неговиот работен однос во мирување. Како што беше потенцирано на седницата на ДКСК, МО има поднесено решение за мирување на работниот однос на кандидатот за пратеник, а понатаму постапуваат надлежните органи.

– Вонредната состојба ни наметна многу ситуации што не се регулирани така што по оформување на новиот Парламент треба да предложиме многу работи што треба да се дорегулираат, да бидат попрецизни, рече му другото ретседателката на ДКСК Билјана Ивановска.

Back to top button
Close