Шест градилишта во Центар казнети со по 1 300 евра, не ги почитувале законските обврски

При контролите извршени во доцните попладневни часови, освен паричните казни, инспекциските служби отстраниле и блокатори и столпчиња што биле бесправно поставени на јавни површини

Инспекциските служби на Општина Центар минатата недела извршиле контрола на градилишта на нејзино подрачје и изрекле шест казни во висина од по 1 300 евра. Како што информираат од Општина Центар, минатата недела биле посетени 10 активни градилишта и биле утврдени сериозни пропусти во почитувањето на законските обврски.

При контролите извршени во доцните попладневни часови, освен паричните казни, инспекциските служби отстраниле и блокатори и столпчиња што биле бесправно поставени на јавни површини.

„Инспекциските служби се на терен. Покрај редовните надзори, спроведуваме вонредни контроли со цел заштита на животната средина, спречување на загадувањето, одржување на јавната чистота и безбедни тротоари и улици. Нема да толерираме нарушување на јавниот простор“вели градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Општина Центар апелира до сите инвеститори и градежни компании да ги почитуваат законските обврски и да преземат мерки за заштита на околината, особено при изведување градежни работи во зони со индивидуално домување

Back to top button
Close