Победнички старт на македонските тенисерки во Били Џин Кинг купот

Македонската женска тениска репрезентација со триумф го почна настапот на овогодишното издание на Били Џин Кинг Купот од Третата Европска зона, откако попладнево во Скопје со максимални 3-0 ја совлада Албанија.

Почетна предност на македонската репрезентација ѝ донесе Магдалена Стоилковска која по два часа и 33 минути игра ја совлада Кристал Дуле со 2-1 во сетови (6-7, 6-2, 7-5), додека Лина Ѓорческа беше поуспешна од Греши Бајри со 6-0, 6-2 во дуел кој траеше 46 минути.

По двете сингл победи на Стоилковска и Ѓорческа, и македонскиот дубл Александра Симева и Ива Данева триумфираше над Греши Бајри и Кристал Дуле со 2-0 во сетови (7-5 7-5) за 1 час и 44 минути игра.

Во другите два натпревари од групата Б, Финска го совлада Азербејџан (3-0-, додека Молдавија со идентичен резултат беше поуспешна од Исланд.

Во второто коло, македонските тенисерки за противник утре ќе ја имаат репрезентацијата на Азербејџан.

Back to top button
Close