Галетановски: Нека се живи и здрави животните, оти зоолошката сега може да соработува со етно-села и зоолошки кои не се кандидати на ЕАЗА

Потенцираше дека доколку зоолошката станала членка на Еаза би била финансиски независна од буџетот на град Скопје и С. Македонија.

Поранешниот директор на скопската зоолошка градина, Ѓорѓи Галетановски, во изјава за Либертас објасни што за скопската зоолошка градина значи губењето на членство во ЕАЗА.

-Со неверување ја прочитав веста, се јавив кај некои колеги директори на европски зоолошки и ми ја потврдија. Зоо Скопје е кандидат за член на Европската асоцијација на зоолошки и аквариуми (Еаза) од 2007-ма година. Кога ме назначија ветив дека во мојот мандат ќе работиме за влез во Еаза бидејќи тоа значи покрај помошта што ја добиваме како кандидати – добивање и размена на животни, стручни совети најважното е финансиска помош на големи проекти, живеалиста паркови итн. – изјави Галетановски.

Потенцираше дека доколку зоолошката градина станала член на Еаза тоа би значело дека ќе станела и финансиски независна од буџетот на град Скопје и С. Македонија.

-Јас во мојот предвреме завршен тригодишен мандат остварив контакти со многу европски зоолошки и сите ни помагаа. Со мојот тим работевме само во насока Скопје да добие европска зоолошка, изградивме живеалишта за пингвини, фламинга, ги доградивме живеалиштата за слонови и шимпанза, ги донесовме новите животни, слоновите шимпанзата, белите лавови пунгвините фламингата сибирските волци, изградивме дино парк но фати пандемијата и не закочи во изградбата на аквариумот. Закажавме последен скрининг, требаше да дојдат координатори од ЕАЗА и да утврдат состојба, но јас веќе бев заминат од Зоо. Зошто ја прекинале комуникацијата и не направиле ништо цели две години не знам, а и веќе не е важно. Поважно е сега да бидат живи и здрави овие животни што ги имаме бидејќи моментално зоолошката мозе да соработува само со етно села и зоолошки кои не се кандидати, нити членови на ЕАЗА.

 

Back to top button
Close