СЗО: Во Бразил веќе нема експоненцијален раст на број на заразени со Ковид-19

– Ширењето на новиот коронавирус во Бразил веќе не бележи експоненцијален раст, кривата се израмнува и тоа создава можност да се стави епидемијата под контрола.

Според Мајкл Рајан од СЗО, бројот на нови случаи е помеѓу 40.000 и 45.000 на ден.

– Вирусот не се дуплира како порано, така што растот не е експоненцијален…Но, апсолутно нема гаранции дека бројот на заразени ќе се намали сам од себе, нагласи Рајан.

– Сега постои можност за властите да преземат акции за спречување на ширењето на инфекциите. зш/

Back to top button
Close