Голема тепачка меѓу две групи во Карпош, неофицијално има потешко повредени


Групна тепачка се случила пред малку во општината Карпош во близина на трговскиот центар Антико, дознава Инфомакс.

Во тепачката која наводно настанало откако автомобил удрил дете. учествувале две групи, а на местото на настанот има засилено полициско присуство, а повикани се две екипи на брзата помош.

Според првичните информации има потешко повредени лица, а засега нема информации дали се користело огнено или ладно оружје.

Повеќе полициски автомобили и дузина полицајци со моментов се на местото на кое се случил инцидентот. Засега нема официјални информации од МВР за тоа што точно се случило.

Back to top button
Close