Почна погребот на застреланиот тинејџер во Франција, блокирани се сите приоди (ВИДЕО)

На локалните гробишта се собрале голем број луѓе, а атмосферата е напната, јави репортерката на агенцијата Франс прес.

Еден од присутните на погребот рече: „Ние не сме дел од семејството и не го познававме Нахел, но бевме длабоко трогнати од она што се случи во нашиот град. Затоа сакавме да изразиме сочувство“.

Еден млад човек кој не сакаше да биде именуван, но рече дека е пријател со Нахел, изјави: „Ако имате погрешна боја на кожата, полицијата е многу поопасна за вас“.

Властите во Марсеј преземаат мерки во обид да спречат повторување на насилството на кое градот беше сведок синоќа.

Беше најавено дека јавниот превоз ќе биде во прекин во 19 часот, но и дека сите јавни настани – вклучително и градскиот фестивал Прајд – што требаше да се одржи денеска, се откажани

Back to top button
Close