Родилката која се фрли од прв кат на Гинекологија имала 39 години и ова и било прва рожба

Директорката на скопската Клиника за гинекологија, Викторија Јовановска во изјава за медиумите рече дека родилката која се обидела да си го одземе животот со тоа што скокна од прозорец на првиот кат на болницата е во многу тешка здравствена состојба.

„Пациентката е во многу критична состојба, ме информираа од КАРИЛ. Немала посериозни психолошки проблеми, иако не сакала да го дои бебето, што не се случува првпат. Табу тема е да доаѓа психијатар тука и да разговара со мајките. Лично мислам дека на сите нас ни треба психијатар, во современото живеење, како совет, не како терапија. Прво дете и е на 39-годишната жена“ рече Јовановска.

Таа напомена дека семејството на родилката не сака да се откриваат повеќе детали во врска со нејзината, пред се, психичка состојба.

Инаку, беше објаснето дека ова и било прва рожба на 39-годишната мајка зачнато по пат на ин витро оплодување

Taa во неколку наврати по породувањето покажувала вознемиреност, па бил повикан психолог кој разговарал со неа но очигледно тоа не и помогнало.

 

Back to top button
Close