Нов почеток по 60: Ме скрши разводот на 70. Но, на 102 години ги знам тајните на добро проживеаниот живот

„Тешко е да се објасни важноста на работите што се случуваат во вашиот живот“, вели Гледис МекГари.
На 102 години, разбирливо е зошто вели така. Непосредно пред да наполни 70 години, нејзиниот сопруг Бил, со кого била во брак 46 години, и ги дал документите за развод. Ги носел во својата актовка шест месеци и ѝ рекол дека би го ценел брзиот потпис.
МекГари и Бил не само што биле во брак со децении, туку биле и блиски колеги. И двајцата биле лекари, кои се обучени како општи лекари, и беа меѓу ко-основачите на Американското холистичко медицинско здружение во 1978 година. Кога бракот заврши Бил влегол во врска со друга колешка – МекГари го изгубила не само својот животен, туку и својот деловен партнер.
„Ме заслепи. Бев скршена“, вели таа. Нејзината ќерка Хелен неодамна станала докторка, па мајката и ќерката тргнале по својот пат, отворајќи нова клиника во блискиот Скотсдејл.
Иако МекГари сè уште имала „за што да станува секое утро“, болката од разделбата била огромна – „најтешката работа“ со која се соочила. Потешка, вели таа, од двете борби со рак низ кои поминала во 30-тите и 90-тите години.
„Не се работи за надминување на работите, туку за поминување низ нив“, вели таа сега на зум интервју од куќата што ја изгради зад домот на нејзината ќерка. „Ако можете да ги преживеете проблемите со кои сте се соочиле, тие ќе станат еден од вашите учители“.
Но, тоа било бавен процес. „Дури на 93 години навистина го прифатив тоа“, вели таа. И, стегајќи го воздухот со нејзината рака: „Стигнуваш до тој дел каде што можеш да продолжиш“.
МекГари е презвитеријанка; нејзините родители биле медицински мисионери, а таа била израсната во Индија до својата 15 година. Во автомобилот се сетила на фраза од Библијата. „Ова е денот што го создаде Господ, да му се радуваме и да се радуваме во него“.
Затоа купила регистерска табличка за нејзиниот автомобил на која пишувало „БИДИ РАДОСЕН“, за да ја потсети дека во нејзиниот брак имало многу „нешта што навистина ги ценела“.
Гледајќи наназад, МекГари сега верува дека нејзиниот развод бил критична и конструктивна пресвртница: „Пред тоа навистина не му верував на сопствениот глас“. Тоа што е дислексична значело дека на училиште секогаш се чувствувала бавна. „Навистина не чувствував дека имам глас“, вели таа, но сепак, „знаев дека имам глас. По разводот, повеќе не биле Бил и Гледис, туку Гледис МекГари. Го вратив она што го имав, не бев само партнерка на Бил“.
„Не жалам за ниту една минута што ја поминав како сопруга на Бил“, вели таа. „Но, тој почина во 2008 година, а мојот живот ги доби овие неверојатни димензии кои целосно не се поврзани со него“, вели таа. „Она што го избрав работи за мене.
МекГари никогаш не се омажила повторно. „Луѓето ме прашуваа дали влегувам во релации, но искрено им одговоарам: „Зошто би сакала да се грижам за уште еден стар човек? Не благодарам.'”
Се пензионирала на 86 години, но продолжила да нуди телефонски консултации. Веќе нема дозвола за работа, но, како што вели: „Никој не ми кажа дека морам да престанам да зборувам“. Навистина, на 100 години, таа одржа TedX Talk – за холистичката медицина и нејзиното централно верување дека има „колега во секој пациент кој лекува“. Таа штотуку објави книга која нуди насоки за добро проживеан живот. Нејзината коса, која не ја скратила од нејзините 40-ти, е уредно исплетена во бела круна, подготвена како и секогаш за работа.






