Нејмар доби казна од 3 милиони евра поради дивоградба – градел езеро без дозвола
Бразилската и светска фудбалска ѕвезда, Нејмар, доби казна од околу 3 милиони евра во родниот Бразил. Казната ја издала општината Мангаратиба, за нелегални градежни работи на неговиот имот (куќа на плажа) во државата Рио де Жанеиро.
![]()
Причината за високата казна е изградба на вешачко езеро во огромната градина на резиденцијата, кадешто во моментов престојува фубалерот.
Не ги следел насоките
Пред изрекувањето на казната, резиденцијата на Нејмар била предмет на инспекција од страна на службите за заштита на животна средина. Службите откриле бројни неправилности, како пренасочување на извори, неовластено земање на вода од река, ископи, преместување на карпи и земја како и употреба на песок од блиската плажа. Била издадена наредба за запирање на сите работи, а изградбата на езерото била забранета.
Шпанска Марка јавува дека Нејмар не ги почитувал одлуките.
Според Си-ен-ен, куќата се наоѓа во подрачје во кое има строги правила против измена на слатководни токови, камени и песочни структури. Телевизијата јавува и дека тој ќе биде предмет на интерес на локалните истражни органи, полицијата и други владини надзорни тела.






