„Огнените“ фракционери Беџети, Бејта и Џафери се против формирање новa политичкa партија

 

viber sharing button

 

Градоначалникот на Сарај и еден од лидерите на огнената фракција во ДУИ, Блерим Беџети во изјава за Журнал потврдува дека е против да се формира нова политичка партија и наведува дека истомисленици се и поранешните функционери Муса Џафери и Невзат Бејта.

Блерим Беџети, претседателот на општина Сарај и еден од членовите на „Огнената група“ во ДУИ, во врска со објавената вест дека постојат разлики меѓу членовите на оваа група потврдува дека такво нешто постои, додавајќи оти тие тројцата инсистираат за овие прашања да се решава со аргументи преку расправа внатре во Демократската унија за интеграција. „Има разлики меѓу нас. Ние сме фракција во рамки на ДУИ и треба разликите да ги решаваме внатре во ДУИ“, изјавил за „Журнал“, Блерим Беџети.

Запрашан дали ќе формираат некој нов политички субјект, Беџети одговорил дека се против ваквата одлука, бидејќи на тој начин ќе се фрагментаризирало, а и ќе се расцепкало албанското бирачко тело.

“Јас, Муса Џафери и Невзат Бејта сме против формирањето нов политички субјект. Нема потреба да се формира нова политичка партија.“ – нагласува Блерим Беџети.

Зборувајќи за соработката со другите опозициски партии, вклучувајќи ја тука и ВМРО ДПМНЕ, Беџети негира такво нешто: „Не сме имале соработка, бидејќи ние сме фракција.“

Коментирајќи ја политичката состојба во земјава и процесот на уставните измени, Блерим Беџети вели дека тие имаат ист став како и сите во ДУИ.

Back to top button
Close