Пилот им понуди по 500 евра на 20 патници за да го напуштат авионот

На социјалните мрежи е објавено видео на кое се слуша како пилот на EasyJet им се обраќа на патниците со неверојатно барање. Бидејќи авионот бил премногу тежок за безбедно да полета од аеродромот Ланзароте на Канарските острови поради силните ветрови, високите температури и должината на пистата, тој побарал 20 доброволци да го напуштат авионот.

Снимката беше објавена на Твитер со натпис: „Капетанот на летот на easyJet U23364 меѓу аеродромот Ланзароте и Ливерпул побара 20 патници да го напуштат летот бидејќи пресметал дека авионот е премногу тежок за безбедно да полета поради силните ветрови, високата температура и должината на пистата. Им беа понудени  500 евра“, се вели во социјалната мрежа.

Пилотот го започнал своето обраќање до патниците со заблагодарување: „Ви благодариме на сите што сте тука. Бидејќи ве има многу на летот, денес имаме претежок авион. Авионот, во комбинација со кратката писта на аеродромот Ланзароте, ветерот и временските услови, е премногу тежок за полетување. Зборував со мојот прв офицер, имаме искуство со ова, сме го правеле и претходно и заклучивме дека авионот не е безбеден за полетување поради сето горенаведено. Разговарав и со тим од компанијата и заклучивме дека единствениот начин да летаме безбедно е да го направиме авионот полесен при полетување“, рече пилотот.

После тоа, тој побара да се јават 20 волонтери кои нема да летаат за Ливерпул и истакна дека таквите патници ќе добијат 500 евра.

Back to top button
Close