Бунт во затворот во Битола, запалена e келија

Бунт во затворот во Битола, неофицијално пренесуваат дел од домашните медиуми.

Информациите се дека е запалена затворска келија, а делува и противпожарна екипа.

Иако нема потврда, затворот е без струја.Од службите во Управата за извршување на санкции ја потврди информацијата и велат дека огнот бил бргу изгаснат.

Според неофицијални информации на „360 степени“, најверојатно пожарот бил намерно предизвикан од еден од притворениците. Чадот бргу се разнел до останатите ќелии и простории на катот преку централниот систем за вентилација.

Во битолскиот затвор во делот каде избувнал пожарот се сместени притвореници, а во моментов мерка притвор таму издржуваат вкупно 18 лица. Се очекува, по наредба на судот, тие да се распоредат во притворски одделенија во останатите затвори низ земјава.

Back to top button
Close