Бесплатни дерматолошки совети со Озон Голд и дерматолог прим. д-р Весна Матевска – Цифревска
Поголемата изложеност на сонце, зголемената температура, но и подолго време поминато надвор може да предизвика промени на кожата кои можат да имаат сериозни последици. За таа цел Ozone Gold во соработка со дерматолог прим. д-р Весна Матевска – Цифревска организираат бесплатни дерматолошки совети на веб страната www.ozone-gold.com. На едно место, можете да го поставите вашето прашање на кое прим. д-р Весна ќе ви даде дерматолошки совет, или пак можете да ги прочитате и одговорите и на другите прашања, се со цел да дознаете повеќе за третирање и заштита на вашата кожа.
„Неумерено, неконтролирано и повторувано изложување на дејство на сончеви зраци може да биде и штетно, особено за кожата која како орган е најмногу експонирана на дејството на истите, а зависи од нивната јачина, зачестеност и времетраење на изложувањето. Од посебно значење е едукацијата за третман на кожата, на лицето или телото, во летниот период, се со цел да се избегнат несаканите кожни промени. Здрава кожа е негувана и заштитена кожа.“ вели прим. д-р Весна Матевска – Цифревска.
Сонцето како “извор на животот” има корисно влијание врз човечкиот организам и неговото здравје доколку умерено се “консумира“. Познато е неговото учество во создавање на активен облик на витамин Д, зајакнување на имунолошкиот систем, антимикробно дејство, забрзување на метаболизмот и влијание врз менталното здравје и доброто расположение.
Токму најмалиот дел од сончевиот спектар (UV спектарот) е биолошки најактивен и најодговорен за акутните и хроничните оштетувања на кожата.
UVA зраците продираат подлабоко во кожата оштетувајки го нејзиниот среден дел (dermis). Одговорни се за пигментација и предвремено стареење на кожата.
UVB зраците се апсорбираат во најгорниот слој на кожата (epidermis) и се одговорни за акутниот одговор на кожата во форма на црвенило и изгореници при прекумерно изложување на сонце, кое води до дегенерација и стареење на кожата.
UVA и UVB зраците се една од причините за зголемување на ризикот од појава на карциноми на кожата.
UVC зраците ги апсорбира озонската обвивка и тие не доаѓаат до земјината површина.
Земјината воздушна обвивка запира повеќе од 95 % од UV зраците и затоа прашањето околу “озонските дупки” и загаденоста на воздухот не губи од својата актуелност.
Кожата на штетното дејство на UV зраците се спротивставува со задебелување на епидермалниот слој за да се апсорбираат што повеќе зраци и со генетски контролирано потемнување – пигментација во зависност од типот на кожата.
Со поголемата изложеност на сонце може да се добие ФОТОСТАРЕЕЊЕ, кое е oблик на предвремено стареење како резултат на акумулирано дејство на ефектите од прекумерно изложување на сонце, кое е различно од физиолошкото стареење на кожата. Се одликува со изразита сувост, длабоки брчки, орожнување на епидермот, пигментни промени и проширени крвни садови. Бидејќи промените кои се јавуваат при фотостареење не се изолирани и се надополнуваат со хронолошкото – физиолошко стареење, највидливи се на кожата на лицето и вратот.
Сончевата светлина го поттикнува создавањето на меланин кој делува како природна заштита бидејќи апсорбира широк распон на зраци од UV подрачјето. Резултат на тоа е природното потемнување на тенот. Прекумерното експонирање на кожата на сонце може да го поремети овој процес и да се јават неправилно обликувани пигментирани жаришта – хиперпигментаци. Ограничено и контролирано, особено директно изложување на сонце и редовна апликација и реапликација на средства со висок фактор на заштита е клучен фактор во борбата против нив.
Освен на сонцето, кожата секојдневно е изложена и на други надворешни влијанија, ветер, дожд, прашина и др., кои заедно со генетските предиспозиции и начинот на исхрана и навики, исто така може да предизвикаат промени и да го забрзаат процесот на стареење на кожата. Затоа е потребна секојдневна нега која треба да е прилагодена на типот кожата и возраста. Редовната нега на лицето се состои од 4 основни чекори :
- чистење – миење со неагресивни средства за отстранување на нечистотиите, шминката, маснотиите и потта
- тонирање – премачкување со тоник за освежување, хидрирање и враќање на природната pH на кожата
- нега – нанесување на соодветен дневен, ноќен и препарат за околу очи со цел хидрирање, хранење и регенерација на кожата и/или додатоци против брчки во зависност од возраста и типот на кожата
- заштита – нанесување на средства за UV заштита со SPF фактор 50, па и повисок
Поради често изложување на директното дејство на сончевите зраци, високите температури и брзото губење на течности во летниот период кожата воопшто, а особено кожата на лицето и вратот станува посува и склона кон побрзо стареење и затоа бара дополнителна нега.
Во поново време “младоликиот изглед” станува императив. Познавајќи ги штетните влијанија на сончевите зраци врз интегритетот и еластичноста на кожата нејзината заштита е од суштинско значење не само од естетски туку и од здравствен аспект. Иако голем број од дневните креми се со заштитен фактор околу од 15, во летните месеци тоа не е доволно за максимална заштита и затоа е неопходно обавезно да се користат средства со заштитен фактор од 50. Средствата треба да се реаплицираат на растојание од околу 2 часа, а не да се нанесат само еднаш.
Озон Голд и дерматолог прим. д-р Весна Матевска – Цифревска ве очекуваат на www.ozone-gold.com
комерцијална објава