Марсело се извини за исклучувањето и повредата на противникот на натпреварот од Копа Либертадорес

Дефанзивецот на Флуминенсе, Марсело се извини за исклучувањето во првиот натпревар од осминафиналето на Копа Либертадорес против Аргентинос Јуниорс (1:1) одигран ноќеска во Буенос Аирес.

 

– Денес морав да издржам многу тежок момент на теренот. Случајно повредив колега. Сакам да ти посакам брзо закрепнување, Лучијано Санчез. Целата сила на светот е за тебе! – напиша Марсело на Твитер.

 

Во 58. минута од средбата, 35-годишниот Бразилец доби црвен картон поради прекршокот над Лусијано Санчез, на кој потоа му беше потребна замена.

Back to top button
Close