Акција на ЦУК за спасување на холандски параглајдерист на Галичица
–
Центарот за управување со кризи организира спасувачка мисија на Галичица.
Како што информираа попланево од ЦУК, станува збор за холандски параглајдерист кој паднал и најверојатно има скршен ‘рбет.
На скопските клиники има полиција и најавено е дека секој момент требе да слета повредениот параглајдерист од Холандија.
Од МВР соопштија дека полициски екипи од хеликоптерската единица, алпинистички тим и животспасувачи од Одделот за специјални полициски операции заедно со граничната полиција веќе се упатени на планината.
„Тие се подготвени за уште една спасувачка акција, откако денеска (02.08.2023) во попладневните часови беше пријавено дека холандски државјанин се здобил со тешки телесни повреди при спуштање со параглајдер на падините на Галичица од македонската страна на планината“,велат од МВР.
Повеќе детали од надлежните се очекуваат наскоро.






